Доктор Џастин Барет, постар научен соработник на Оксфордскиот универзитетски центар по антропологија и мислење, тврди дека децата имаат предрасположение кон верата во најголема мерка, бидејќи тие поаѓаат од тоа дека сѐ на светот е создадено со некаква цел. Тој утврдил дека таа вера не зависи од тоа, што децата ги убедуваат дома или во училиште: «Дури и оние кои би израснале на пуст остров, би верувале во Бога».
«Суштината на многу научни откритија од последниве 10 години е во тоа, дека во природниот развој на детското сознание «е вродено» многу повеќе отколку што се мислеше досега. Меѓу «вроденото» е и таа претпоставка, дека светот околу нас е создаден свесно и со некоја цел и дека зад тоа осмислување стои некоја разумна Суштина» — појасни доктор Барет, настапувајќи на Би-Би-Си. – «Ако децата би преживеале на пуст остров, јас мислам дека тие ќе веруваат во Бога».
Доктор Барет ќе одржи во универзитетот Кембриџ лекција со опис на психолшките експерименти со деца — тие опити покажуваат дека децата инстинктивно веруваат дека практично сѐ е створено осмислено и со некоја цел. Така, на прашањето; зошто (на англиски «зошто» и «за што» е ист збор) се појавиле птиците, 6-7-годишни деца одговараат: «За да пеат убаво» и «Затоа што со нив светот е поубав». Во друг експеримент, едногодишни деца многу зачудено (недоуменно) реагирале на цртан филм во кој топка што се движела од бесформно купче коцки «творела» разни конструкции.
Како што заклучува доктор Барет; разликата меѓу вештачки и природни објекти децата ја усвојуваваат на четиригодишна возраст. Сепак, ним многу полесно им е да поверуваат дека светот е створен, отколку во самопроизволниот развој на светот. Тој спомнал, исто така, дека во антропологијата се опишани случаи, кога децата верувале во Бога, иако не биле запознати со ниту едно религиозно учење. «Нормално и природно развивајќи се, детскиот ум станува склон да верува во Творењето. Идејата за еволуцијата, напротив, не е вродена, таа треба специјално да се усвојува» — вели научникот. // Вера в Бога – это врожденное свойство человека, утверждает ученый // Are we believing in God »