Православието и историјата

в. Православието и историјата

cold-dark-eerie-414144Православието му дава посебно значење на историското траење на светот. Тоа добро знае дека неговата мисија не е надвор од светот или над светот, дека не се врзува за вонвременски идеологии, нити за апстрактниот свет на идеи. Присуството на Православието е пророчко и есхатолошко, динамично и историско. Тоа сигурно знае дека историското движење, спасението и животот на светот зависат од умешноста на Црквата, од нејзиното умеење да го оспособи светот за да го прими силното присуство на љубовта.

Кога Црквата ја ограничуваме со границите на движењето на светот, кога ја сведуваме на еден од неговите настани, тогаш всушност, се одрекуваме од нејзината мисија, нејзината божествена и вечна природа со која го исполнува своето дело во светот. Директната и остра критика на историјата од страна на Црквата и творечката врска со неа, ја просудува и испитува полнотата и силата на нејзината духовност, која се одликува со теоцентрична и есхатолошка вдахновеност, но секогаш во однос на човечкот и на историската реалност. Во Црквата не сме просто набљудувачи, туку сме одговорни за историјата на човекот, со сета длабочина на благодатното постоење кое ја открива смислата и трагичната тежина на животот, ја оправдува човечката несреќа и му дава цел на човечкото творештво. Црквата има мисија да ги открије и осмисли историските факти и настани, да ги просуди и потврди според мерката на својата вистина, зашто „не е Бог заради настаните, туку настаните му се потчинети на Бога, и сѐ ѝ служи Неговата волја.“

Самата Црква е должна дејствено да се спознае себеси, преку оправдувањето на историјата и животот на светот, така што ќе ја задржи самосвеста дека Христијанството е животот на светот, дека е превосходна историска и историско-динамична пројава, и дека ништо од човечките созданија – ни делото, ни напредокот, ни уметноста, ни науката, ни љубовта, ни радоста, ни животот во светот, ни општествените проблеми – не се непознати за „силното дување на ветрот и огнените јазици на Педесетница. Христијаните не ги отфрлаат стварите, туку „поинаку ги согледуваат. Црквата е продолжена троична благодат во историјата, „Утешител” му е на светот во неговата несреденост и експлозивност, во барањата и несреќите, во очајот и надежта. Основното прашање што се поставува при делувањето и мисијата на Црквата во светот не е во тоа; што претставува светот за Црквата, туку што е Црквата за светот, бидејќи Црквата е најскриената сила на неговото преобразување и усовршување. Што значи Црквата за смислата и иднината на светот, бидејќи „Христијанството не е само правило на секојдневниот живот, туку движечка сила на севкупната негова иднина. Continue reading

Православното разбирање на созданието

ПРАВОСЛАВИЕТО И СВЕТОТ

б. Православното разбирање на созданието

Воплотувањето (на Синот Божји) донесува ново разбирање за созданието, зашто со него се обновува целиот космос, а созданијата се покажуваат во нивната првобитна убавина. Ова разбирање го формира ставот на православниот верник кон созданието, став што одрекува секаква злоупотреба или погрешна употреба на созданието.

Православниот космички етос се возглавува во литургиското разбирање на светот, во славословниот принос на космичката стварност на Бога, во евхаристиската и доксолошка употреба на светот, за светот да се преобрази и да ја стекне очигледната духовност што ја има воскреснатото тело на Господ Исус Христос. Ова се постигнува, пред сѐ, со отфрлање на автономноста и идолатризацијата на создадениот свет, бидејќи тие најмногу ги влошуваат односите на човекот со светот и доведуваат до своевидна злоупотреба или погрешна употреба. Свети Никодим Агиорит вели: „Ништо толку не го загадува и прави нечисто чистото Божјо дело, колку неговата идолатризација или обожавање, кое станува слично со обожавањето на Бога кој створил сѐ и преку Кого е создадено сѐ. Зашто, како што созданието не се створило самото себе, туку преку созерцавањето и славата на неговиот Творец, така тоа не треба да се созерцава самото по себе, нити да му се восхитуваме, туку преку него да го гледаме Творецот; како што и огледалото не го гледаме заради самото огледало, туку заради она што во него се покажува.“ Continue reading

Црквата, созданието и историјата

ПРАВОСЛАВИЕТО И СВЕТОТ

a.Црквата, созданието и историјата

Ќе биде појасно што му нуди православната духовност на современиот човек ако обработиме поглавје за односот на Православието и светот, бидејќи во православното Предание, светот како создание и како историја ја наоѓа смислата и целисходноста во Икономијата на Црквата, која, бидејќи е полнота на Богочовекот Христос, образува таинствено средиште на светот, „украс на светот”1. Порекнувањето на присуството и силата на Црквата значи помрачување и губење на смислата на светот, апсурдност и неуспех на историјата, губење на центарот и победа на празнината, дрскоста и преовладување на бесловесните сили.

Црквата е квасец кој го заквасува и преобразува тестото на светот, таа светот го прави онаков каков што тој навистина е: Божјо создание и историја на спасението. Таа е „столб и тврдина на вистината.” Со присуството на Црквата, светот се заветува и се осветува постоењето на светот кој личи на молитва скаменета од човечките гревови, но и ослободен од благословите, посредувањето и благодарењето на Црквата. Црквата навистина претставува суд за светот, »суд на судот«. Таа му суди на »овој свет« кој се самоидолатризира и самоуништува; не му суди како земските судии, туку со тагата на исповедниците и со крвта на мачениците… Со животворниот Крст кој ја усмртува смртта за да се преобрази светот… Црквата е срце на светот, мистична ocкa на неговото траење, траење што го го одвојува од апсурдот, за да се преобрази во историја во литургиското време. Таа во тридневната Пасха и во Педесетница ги нурнува (како да ги крштева) круговите на природата и културата на човештвото, за да ги соедини во вечноста”2. Continue reading

Обележја на православната духовност (2 дел)

Православната духовност е:

Библиска и Преданиска: Библијата која произлегува од Црквата, им припаѓа на делата на божествената Икономија, кои својот епицентар го имаат во настанот на телесното присуство на Синот Божји. Таа е дел од тајната на Воплотувањето и начинот на стварното постоење и Откровение, на доаѓањето и присуството на Логосот12. Библијата нѐ води кон живата личност и кон поклонување на воплотениот Логос: „Истражувајте ги писмата, како што рекол во Евангелието Христос нашиот Бог: во нив го наоѓаме Христос роден и повиен, во јасли ставен и со млеко задоен, кој примил обрезание и кого Симеон на раце го држел, не замислен, ниту измислен, туку навистина јавен во светот, кому му воскликнуваме: Превечен Боже, слава Ти”13. Големата тајна на Светите Отци е во тоа дека во Светото Писмо барале заедница и дијалог со Христос, затоа што „единствена тема во целото Свето Писмо е Христос и Неговата Црква”14.

Библијата, според тоа, има темелно значење за православната побожност, за богослужението и духовниот живот. Православната духовност во суштина е „библиска и евангелска”, таа става акцент на духот и добродетелите на Евангелието, на чувањето на заповедите, за да го следиме Христос и да ја подражаваме Неговата милост15. Животот на православните верници е Воплотување на библиско-евангелското совршенство, кое се открива во смирение и во љубов, и со смирение и љубов. Тој е Библија во пракса или Библија на дело, бидејќи таа не е книга на знаење што ја учиме наизуст, туку правило и мерка на нашиот живот. Светото Писмо се нарекува „небесен и ангелски леб” со кој се храниме и ги радуваме нашите срца, заедничариме и се причестуваме со Логосот, со вистината и со животот на Бога. „Блажен е оној што незаситно се храни со молитви и псалми ноќ и ден, и кој се упатува во славата на познавањето на Писмото. Зашто, тоа причестување ќе ѝ даде на душата целосна благоразумност во идниот век”16. Според Свети Нил Подвижник, „во зборовите на боговдахновеното Писмо се крие Царството небесно”17. Духовното напредување и совршенство се поврзува со секојдневното изучување или слушање на Светото Писмо, со чување на зборовите Божји или со поклонување на Логосот, дело што бара смиреноумие и чистота, исполнување на заповедите, а пред сѐ, молитва. Со слушање и читање на Светото Писма, со благодатта на Утешителот или на Црквата, разговараме со Бога, a во нашите срца се врежува силна и неискажлива желба за Него, за изминување на патот на обожението преку подвигот во благодатта. Continue reading

Обележја на православната духовност

б. Православната духовност

Православната духовност е христијанска духовност, образувана во Црквата и изразена како Предание и живот. Таа всушност е историско и есхатолошко единство и заедница на животот на верникот со животот на Света Троица, заедница остварена во Црквата, во богочовечкото Тело Христово.

Во Православието не говориме за религија и за религиозно чувствување, туку за Црквата и нејзината вера. Христијанството не е една нова религија, зашто Христос е крај на сите религии, нова вера и нов живот; верата и животот на Црквата. Би можело да се рече дека целиот наш обид денес е во тоа; од религиозноста да се свртиме кон духовноста, од мртвите религиозни чувствувања кон дишењето на Светиот Дух. Повикот на Црквата е во тоа да го поддржи човекот, така што од религиозните текстови или медитации, од религиозните должности или навики, да го врати на отечката и аскетска мудрост, на чудото и откровението на верата, искуството Светите и на Црковната заедница. Основниот правец на православната духовност е движењето од несовршените религиозни трагања и расправи, расправии и борби, кон страшните и навистина духовни борби, кон превосходната и главна духовна борба – борбата со сатаната и легионите на неговите духови.

Богочовекот Христос, кој со Своето Воплотување го зема телото на Црквата, е живот кој е даден да биде живот на човекот и светот, вистинит и единствен, нов и бесмртен живот на народот и светот Божји. Духовност имаме кога Христос и Неговиот живот во нас, со енергиите на Светиот Дух и со подвижничките напори од наша страна, ќе ги заземе размерите со кои Бог нѐ удостоил. Целта на сите подвижнички напори е христијанскиот живот во Светиот Дух, што значи дека животот на христијанинот е можен и може да донесува плодови само во Светиот Дух. Затоа, не е едно – животот во Христос, а друго – животот во Светиот Дух, затоа што и едното и другото претставуваат во основа исти и меѓусебно дополнувачки страни на светоста и обожението. На крај, секогаш постои само христијанскиот живот кој е, или би требало да биде, духовен, т.е. „вкусот на вистината, јадење и пиење на вистината преку силата и енергијата”, „во силата и енергијата на Оној што е секаде Откриен и Неискажлив”3. Continue reading