Чудото со воскреснувањето на Лазар е клучно за разбирање на целата евангелска историја. Ова чудо освен што означува крај и кулминација на долгата низа чуда што Исус ги извршил за време на Неговото јавно дело, тоа е и премин во историјата на Страдањата. Кулминација на сето тоа, пак, ќе биде воскресението на Христос, кое е директно поврзано со расказот за воскресението на Лазар.
Бактеријалниот flagellum (опашка) како дел од моторниот механизам на E. Coli bacteria е пример за она што Мајкл Бихи го нарекува неразложливо сложен систем (irreducibly complex system).
Дарвинизмот, т.е. теоријата за еволуцијата или натурализам, се потпира на постепениот развој на сложените органи или екстремитетите, до евентуално настанување посебни видови.
Бихи ја обопштува структурата на бактеријалниот flagellum во следниве зборови:
Некои бактерии имаат чуден апарат за пливање; flagellum, кој нема паралела во посложени клетки. Во 1973 г. било откриено дека некои бактерии пливаат со ротирачки flagellum. Така, бактеријалниот flagellum дејствува како пропелер.
Структурата на flagellum-от наликува на долга нитка вградена во мембраната на клетката. Flagellum-от е елисата која е во допир со течноста за време на пливањето. При влезот на flagellum-от во клетката има испапченост на клетката, со која нитката се прицврстува за роторот. Експериментите покажуваат дека движечкиот погон//моторот се наоѓа во основата на flagellum-от, каде електронските микроскопи покажуваат неколку збиени прстенести структури. Ротирачката природа на flagellum-от е јасна, неизбежни се заклучоците…
Во својата книга Darwin’s Black Box, Бихи објаснува, дека такви неразложливо сложени системи, не може да настанале постепено, степен по степен како во дарвиновиот процес, зашто бактеријалниот flagellum задолжително е составен од најмалку три делови: статор, ротор и мотор – тој е неразложлив комплекс. Постепениот развој на flagellum-от, според тоа, има непремостливи пречки.
Кога биохемичарите почнале да разгледуваат привидно прости структури како flagellum-от, тие откриле запрепастувачка сложеност, со десетици и дури стотици прецизно сообразени делови. Многу веројатно е дека многу од деловите, кои не сме ги разгледале, се задолжителни за секој flagellum да функционира во клетката. Како што бројот на неопходните делови се зголемува, постепеното склопување на системот станува сосема неможно, како и веројатноста од индиректни сценарија. Дарвин изгледа сѐ помалку доверлив. Дарвинистичката теорија не дава објаснување за flagellum-от. Поразителната сложеност на такви пливачки системи нѐ наведува да мислиме, дека никогаш и не може да се даде објаснување.
Бихи стигнуваа до заклучок дека такви неразложливо сложени системи, во крајна сметка, се резултат на интелигентен дизајн.
Со македонски титлови. Святой Иоанн Сан-Францисский. 2013. Режисер: Јуриј Дукин.
На Охридското езеро во манастирот на преподобен Наум се наоѓаат чудотворните мошти на преп. Наум Охридски, ученик и соподвижник на мисионерите св. Кирил и св. Методиј. Јеромонахот Јован многу го почитувал тој светец, кој се смета за особено брз исцелител на душевно-болни. Со света икона на преподобен Наум тој одел по болниците и читал молитви над болни, како што подоцна правел и во Кина над Кинези. Неколку денови пред своето упокоение, тој без некоја видлива причина ги симнал од ѕидот на домашната црква во Сан-Франциско иконите на преп. Наум и на св. Јован Крстител и ги положил на аналој во средината на храмот. По неколку денови, кога ги погледнале иконите, сите го разбрале значењето на изнесувањето на тие икони — владиката умрел спроти празникот на преподобен Наум (2 јули / 19 јуни 1966 г.), а бил погребен во денот на Раѓањето на Јован Претеча.
Тропар, гл.5 Попечение твое о пастве в странствии ея, се прообраз и молитв твоих, за мир весь присно возносимых: тако веруем, познав любовь твою, святителю и чудотворче Иоанне! Весь от Бога освящен священнодействием пречистых Таин, имиже сам присно укрепляем, поспешал еси ко страждущим, целителю отраднейший. Поспеши и ныне в помощь нам, всем сердцем чтущим тя.
Tвојата грижа за паствата во нејзиното раселување е образец и на твоите молитви – вознесувани за целиот свет; така веруваме, познавајќи ја твојата љубов, светителу и чудотворец Јоване! Целиот од Бога осветен со свештенодејствување на пречистите Таинства, кои секогаш те закрепнувале, си брзал кај страдалниците, исцелителу најутешителен. Побрзај сега да ни помогнеш и нам кои од сè срце те почитуваме.
Аудио-снимка на проповед од свети Јован (Максимович) со македонски титлови.
Филм за еден од најголемите старци на Атон во XX век – Пајсиј Светогорец (1924-1994). Старец Пајсиј е познат со неговите духовни поуки и со подвижничкиот живот. Тој вршел исклучителни аскетски подвизи и бил изобилно надарен од Господа со многу благодатни дарови. Според добиениот божествен повик, духовно воспитувал илјадници луѓе, бил еден од најтрезвеноумните (најрасудителните) старци на новото време. Филмската серија од 6 епизоди (по 50 минути) е основана на житието на старец Пајсиј Светогорец, на спомени и сведоштва од негови духовни чеда, блиски, духовници и други луѓе. Филмот е сниман на места на земскиот живот на старец Пајсиј – на Света Гора Атон, во Грција, на островот Керкира (Крф).
Петтата епизода од филмот (која ви ја предлагам со македонски титлови) е посветена на престојот на старец Пајсиј во Атонската келија Панагуда и на процветот на неговиот духовен живот.
P.S. Благодарност до М., од кого дознав за овој филм и кој го препорача за преведување.