Нашиот насуштен леб

Откако божествената природа беше соединета со чoвечката природа, вo светотаинственото христово Тело сè e богочовечко. Затоа човекот не може да ги надмине границите на својата природа, како што, за Бог да го возвиши човекот и да го ослободи од затвореништвото на неговата земна природа – човековата слободна и реална соработка е неопходна.

Сепак, иако неопходноста од соработката на Божествената Благодат со човечкиот фактор е доживеана и проповедана под еднакви услови (on equal terms), само во православната Црква денес може да се забележи дека верните прекумерно го истакнуваат учеството на Бога во нашето спасение во однос на нашата лична борба. Тоа се случува во денешницата според тоа, колку ние ја потценуваме нашата грешност (sinfulness), од една страна, и Божјата сесветост и величественост, од друга страна. Со други зборови, нам ни недостасува смирението, кое според зборовите на св. Григориј Палама, е знаење/познавање на она што навистина сме.

Неосвестеноста дека нашата душа е гроб, вистински Ад, придонесува ние да не го измениме нашиот начин на живот, за тој да се потчини на подигнатиот (на крст) Христос кој „слезе во гробот и ја сотре силата на Адот” и да ни даде радост и мир од сега засекогаш. Да бидеме појасни, кога во нашиот дом има мртовец, ние го оплакуваме. Уште повеќе, додека единствената желба на нашата истоштена душа е Небесното Царство, ние не го бараме него, ниту кон него ја свртуваме сета надеж, бидејќи нашата состојба ни оневозможува да си претставиме колку Бог нè љуби. Затоа, ние ја оставаме нашата душа неоткупена, хранејќи ја во незадоволството со храна за свињи. Нашата душа ни бара едно нешто, а ние и’ даваме друго. Таа бара несоздадена/негнилежна храна (uncreated goods), а ние, наместо таква, и’ даваме создадена/гнилежна. Таа ни бара благодат, а ние се обидуваме да ја подмитиме со земни ствари.

Ние не ги паметиме зборовите на св. апостол Павле: „плотта војува против духот, а духот против плотта.” Оваа трагична поделба е подлабоката болест на човековата природа која што може да се востанови само во Христа и низ Христа, во Неговата Црква.

Јеромонах Арсениј Светогорец

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s