Чуда на светителот Николај, архиепископ Мирликиски

Живеев 20 години во Лима, Перу. Во тоа време таму имаше руска парохија. Нашиот ѓакон, покојниот Евгениј Николаевич, ми го пренесе чудото што се случило по застапништвото на свети Николај.

Тоа се случило во Сибир. Белата армија се повлекувала под Колчак. Евгениј Николаевич, со тешка рана што ја здобил во првата светска војна, служел во Колчакската војска како поручник. Било сурова зима. Кога влегле во некое село, партизаните фатиле некој селанец осомничен за соработка со Црвените. Решиле да го убијат. Евгениј Николаевич наредил да го затворат заробеникот. Таа ноќ, кога поручникот седел сам, пишувајќи го обвинението, слушнал чукање на вратата. Тој отворил и внатре влегол стар човек со скуфија на главата, како оние изветвените на монасите, и во стара мантија. „Господине офицер” – рекол тој – „овде имате затворено селанец. Не убивајте го. Тој не е виновен.”

„А, кој си ти?” – прашал Евгениј Николаевич. „Јас сум старешината на местната црква, отец Николај” – одговорил стариот човек и заминал. Евгениј Николаевич размислил доборо и решил да го ослободи затвореникот. Рано наутро тој наредил да подготват санка, го качил затвореникот, зел малку леб и им рекол на стражарите: „Одам да го застрелам.” Кога стигнал во шумата, го одврзал заробеникот, му дал од лебот и му рекол: „Бегај во шумата и никогаш повеќе да не ни се вкрстат патиштата!” Кога се вратил во селото, Евгениј Николаевич отишол во црквата. Таа била заклучена. Тој прашал некој селанец што поминувал таму: „Каде живее отец Николај?” „…Црвените одамна го убија” – му одговорил тој. Евгениј Николаевич се изненадил, но решил да разгледа околу црквата. Некој му ја отворил вратата и тој влегол. Одеднаш ја здогледал оддесно иконата на свети Николај и веднаш го познал ноќниот посетител; на иконата Чудотворниот јерарх бил прикажан со сосема истата скуфија. //Александра Дабарт, „Novoye Russkoe Slovo”

Од спомените на aрхимандрит Филаделф (Мишин)

Бев во прогонство. Гладна година. Немаше ништо за јадење. Работата сè потешка. А, за јадење ништо. Уште и зимата сурова, тмурна. Транспортот не можеше да се одвива и доставата прекина. Ние неколку деноноќија бевме сосем гладни и премрзнати. Да, уште како за грев, студот достигна четириесет степени. Птица во лет смрзнуваше. Многу мои собраќа полегнаа преморени и не можеа да одат. Јас, исто така, се подготвував да умрам од глад и студ.

Ноќевавме во одделни колипки, едни мали и многу лоши. Прозорите се затворени со партали. На подот – снег, навеал низ пукнатините. Вратата полуотворена. На неа се натрупал мраз еден вагон.

Беше студена вечер. Лежев завиткан во партали. Студот стегаше и го смрзнуваше целото тело. Одеднаш ми се приспа. Одлично знаев дека тоа е предзнак на смртта. Само заспиј и… не ќе се разбудев никогаш. Со сила кревајќи се, решив последен пат да му се помолам на светителот и чудотворец Николај: „Угоднику Божји − му реков − еве, умирам. Ти сè гледаш. Ти си брз помошник и самиот дојди кај мене, помогни…” Понатаму не паметам, дали зборував и што зборував − не паметам. Само слушнав силно тропање на вратата. Отворив. Бран од силниот ветар со студен снег ме навеа в лице. Немаше никого.

Но, што е она? Свежи траги пред вратата. Погледнав подалеку зад аголот… Стои голема торба. Ни снегот сè уште не ја покрил. Боже мој, какво е ова привидение? Уште еднаш ги погледнав трагите. Тие се протегаа кон шумата. Наоколу никој. Само бурата посилно беснееше.

Ја зедов таа торба. Тешка е. Ја внесов во куќарката, ја отворив… Мили мои деца… − и старецот заплака на глас. − Во торбата имаше свежи лебови. Уште и топли, сосем жешки! Како тукушто од печка извадени. А, од каде печка таму?! На педесет версти немаше никаква домашна куќичка, само прогонети заробеници.

И со тој леб живеевме цела недела. Кога стивна бурата, ни донесоа оброк. Тогаш никој не умре. А, во другите логори − се раскажуваше − многумина замрзнале во таа виулица. А од нашите никој не замрзна. Чудотворецот Николај нè спаси! //www.pravoslavie.ru

„…И на Овчем Полѣ свети Никола очи ѣму дарова въ црьквi…”

Српскиот крал Милутин наредил да му ги извадат двете очи на неговиот син Стефан, кој бил наклеветан за наводно подготвување заговор. При ослепувањето, во манастирот на Свети Николај Чудотворец во Овче Поле (околината на Свети Николе), свети Николај, архиепископот Мирликиски, му се јавил на Стефан Дечански и му рекол: „Стефане, не плаши се; еве ги твоите очи на мојата дланка. Своевремено, јас ќе ти ги вратам.” По пет години, време кое светиот маченик Стефан Дечански го поминал затворен во Цариград, таму повторно му се јавил свети Николај: „Дојдов да го исполнам ветувањето.„ Потоа со крстниот знак го прекрстил и му рекол: „Господ наш Исус Христос, кој на слепородениот му даде вид, им го дарува и на твоите очи првичниот вид.” Како благодарност кон Бога, тој го изградил храмот Високи Дечани, една од најубавите градби на средновековната византиска уметност и архитектура.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s