Бискупиите од регионот заеднички работат Поглаварот на римокатоличката црква да ги посети земјите од окружувањето. Ова беше истакнато на прес-конференцијата по повод Меѓународната бискупска конференција „Св. Кирил и Методиј” што се одржа во Охрид од 11-13 ноември 2008 г.
На прашање на новинарите за тоа дали и кога Папата би можел да го посети регионот, бискупот Киро Стојанов рече дека постои волја кај католичките верници, но и кај сите граѓани на Македонија тоа да се случи. Како добар тајминг за посетата Стојанoв ја посочи 2013 година кога се одбележува 1700 годишнината од указот за верски слободи на императорот Константин.
Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов (14 ст.с. / 27 септември н.с.) го празнува наоѓањето на Крстот во четвртиот век од св. Елена (мајката на императорот Константин) и подоцнежно избавување на Крстот од персискиот плен од императорот Ираклиј во 7. в., по што бил возвишен во црквата на Воскресението во Ерусалим. Почнувајќи од ова време, сесветското возвишение на Крстот се празнува во сите цркви на христијанскиот свет.
Овој ден во Византија дури станал како државен празник, а Крстот – амблем на империјата и се поставувал на ѕидовите од државните згради и на униформите. На денот на празникот епископите и свештениците јавно го возвишувале крстот. Тие со Крстот ги благословувале четирите страни на светот, доека народот пеел: Господи помилуј! Овој обред, како порано во црквите, до денес се извршува по свеченото изнесување и воздвижување на Крстот на крајот на празничното Бдение, веднаш по славословието на Утрената богослужба.
Тропарот на празникот кој, треба да се каже, бил национална химна на Византиската и Руската империја и се пеел на сите свечени церемонии, првовремено со молитвата бил обратен кон Бога за спасение на луѓето, дарување на победи во војна и зачувување со Крстот на самата држава. Во нашиве денови, како на тропарот, така и на другите песнопеења од празникот, им се придава првенствено духовно значење: под непријатели се подразбираат духовните баззаконици и грешниците, следбениците на ѓаволот, а наместо имињата на бившите владетели се вели „сите православни христијани.”
(Тропар, глас 1) Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство, дарувајќи им победа над непријателите на сите православни христијани и со крстот Свој заштитувајќи го Твојот народ.
(Кондак, глас 4) Возвишувајќи се на крстот доброволно, на истоимениот Твој нов народ/ дарувај му ги твоите милосрдија, Христе Боже, возвесели нè со Твојата сила, победа давајќи ни над противниците,/ како помош имајќи го Твоето оружје на мирот, // непобедливата победа.
Празникот Крстовоздвижение за нас е ден на постење и молитви, ден кога споменуваме дека Крстот е единствениот символ, достоен за наша безусловна верност, и дека нашето спасение не зависи од било какви земни победи, туку единствено од вистинската и неизбежна победа на Христовото Распетие и нашето сораспнување со Него. И кога ние го вознесуваме Крстот и се поклонуваме пред него со почит и прославување, прогласуваме дека припаѓаме на Царството што не е од овој свет и дека нашето изворно и вечно граѓанство, заедно со светите, му припаѓа на Градот Божји. Read the rest of this entry »
Тони Петрушевски, ѓакон при храмот „Свети Николај” во Свети Николе, Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква.
E-mail:
«Ова е личен блог и не изразува официјални гледишта, освен во случај на преземени информации со јасно назначени извори.»
Раздвојување на денот на плаќањето на обврските по бруто - плати и придонеси, со обврските за даноци и ДДВ, ќе биде една од клучните антикризни мерки кои што владата наскоро ќе ги усвои.
Меѓуетничките односи во Македонија ќе бидат загрозени, ако се продолжи со одложување на одлуката за почнување на преговори меѓу Македонија и Европската Унија.
Претседателот на Владата на Република Српска Милорад Додик и Министерот за индустрија, енергетика и шумарство Слободан Пухалац денеска во Рим потпишаа заедничка изјава со италијанскиот Министер за економски развој, Клавдиј Скалој. […]
Босна и Херцеговина и Хрватска во средата потпишаа спогодба со цел да бидат спречени лицата кои поседуваат двојно државјанство и се осудени во една земја, а сакаат избегнат одење во затвор со бегство во друга. […]
Бојкотот на собранието од албанската опозиција наскоро ќе заврши и јас сум голем оптимист дека пратениците од Социјалистичката партија (СП) ќе влезат во парламентот.
You, O Christ, are the kingdom of Heaven; You, the land promised to the meek; You, the table set for all, You, the bread of life -St. Simeon 2 days ago
Мировые события прошедшей недели, оказавшиеся в центре внимания: избрание нового председателя ПАСЕ, скандал с отравленным молоком в Китае, реакция президента США на деятельность Аль-Каеды, столкновения КНДР и Южной Кореи и заверение премьер-министра Греции о том, что правительство самостоятельно решит экономические проблемы. […]
В Большой аудитории Американского католического университета (CUA) в Вашингтоне состоялась открытая лекция известного католического богослова кардинала Кристоф Шёрборна.
9 февраля в университете Баламанд (Ливан) открылась XVI ежегодная конференция Международного фонда единства православных народов на тему: "Традиционные духовные и культурные ценности как основа устойчивого развития". Мероприятие проходит по приглашению и при участии Блаженнейшего Патриарха Великой Антиохии и всего Востока Игнатия IV. […]
Последни коментари