Големиот Раскол

Wednesday, July 16, 2008

На денешен ден (16 Јули), 1054 г. со скандал завршиле преговорите меѓу Рим и Константинопол.

Расколот кој конечно го одвоил Западното Христијанство од Источното е многу комплексен настан. Тој не може да се идентификува ни со едно посебно случување, дури и не може точно да се датира, макар што клучната година е 1054. Раздвојувањето интензивно траело од XI до XIII век. На овој процес влијаеле и политичката опозиција помеѓу Византија и Франачката империја, постепеното отуѓување во мислата, праксата и разминување во богословието и еклисиологијата. Без оглед на историските фактори, кои сè повеќе го раздвојувале христијанството, сепак, најдлабоките причини, односно оние со кои единствено може да се објасни трајноста на расколот, имаат теолошка природа.

Главниот проблем е внесувањето на измени, односно додавањето на еретичкото учењето за Filioque во Символот на верата. Втората суштинска причина за расколот е претензијата на папата за примат во власта; имено, првенството на љубовта, што му било признавано и укажувано, тој сакал да го претвори во директна јурисдикција над локалните цркви, наспроти традиционалните права на епископите, митрополитите и патријарсите.

Обично схизмата ја делат на две етапи:

  • Првата е периодот околу 867 г., во врска со полемиката меѓу папата Николај I и константинополскиот патријарх Фотиј по догматски прашања, а исто така, во однос на јурисдикцијата над христијанската Црква во Бугарија.
  • Втората етапа е околу 1054 г. (взаемното анатемисување на римскиот легат Хумберт и патријархот константинополски Кирулариј).

Во 1054 г. римскиот папа Лав IX испратил во Константинопол легати предводени од кардиналот Хумберт за да го решат одамна започнатиот конфликт. Хумберт бил ополномоштен од папата да му одговори на епископот охридски Лав, кој направил список со латинските грешки и новотарии. Патот до помирување не бил најден. На 16 Јули 1054 г. папските легати на светиот престол во храмот Света Софиа, во Константинопол, положиле була против Кирулариј, со која го прогласиле за расчинет и одделен од Црквата. Како одговор на тоа, на 20 Јули патријархот ги предал на анатема легатите. Со тој чин Римската патријаршија и нејзините следбеници отпаднале од едната, света, соборна и апостолска Црква.

Крстоносците многу придонеле да се продлабочи антагонизмот помеѓу двете различни култури и цивилизации на Истокот и на Западот. Четвртата крстоносна војна (1202-1204) излегла од контрола; бил нападнат Константинопол, опустошен, храмовите осквернети, иконите уништени…

Расколот не е надминат до денес, иако во 1965 г. взаемните анатеми биле укинати.

Всушност, ни расколот, ни неупешните обиди околу воспоставување на повторното единство не можат да бидат објаснети исклучиво со социјалните, политичките или културните фактори. Потешкотиите кои историјата ги создала можеле да бидат надминати, ако постоело општо еклисиолошко т.е. црковно мерило за решавање на богословските, канонските или литургиските проблеми, кои ги раздвојувале Исток и Запад. Но, средновековниот развој на римскиот примат како конечно мерило во догматските работи, стоел во очигледна спротивност со учењето на Црквата. На тој начин, сè додека постои разминувањето во учењето за власта во Црквата, не може да се дојде ни до разбирање за самиот проблем, ниту за начинот како тој да се реши.

Прилог: А.П.Лебедев. Век одиннадцатый. — Окончательное разделение Церквей (1053—1054 гг.)

Entry Filed under: Еклисиологија. .

Leave a Comment

Required

Required, hidden

Some HTML allowed:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <pre> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Trackback this post  |  Subscribe to the comments via RSS Feed


+ IИC XC NI KA +

Троичник бр.24 (iPaper)

Troicnik-24, april09

Categories

Календар

Свето Писмо

ptici.jpg

forumbaner

Свиток-video

Watch videos at Vodpod and other videos from this collection.

RSS .:: Новости ::.

RSS .:: Вести од МПЦ ::.

...Мој избор...

Vox populli

Архиви

Последни коментари

banner100.gif

ow.jpg

Dnevnik.swf

Orthodox Macedonia

IMG_1253

More Photos

Blogroll

Profile

Тони Петрушевски, ѓакон при храмот „Свети Николај” во Свети Николе, Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква.
email_01-over.gif
«Ова е личен блог и не изразува официјални гледишта, освен во случај на преземени информации со јасно назначени извори.»

Chat widget

Пораките испратени преку овој meebo widget стигнуваат само до сопственикот на блогот и не се видливи за другите на internet, иако од друг компјутер би биле на овој блог во исто време. Исто така, и моите пораки преку widget-от се видливи само за оној кому му одговарам.

Показатели

Посети

Creative Commons License