Сретение Господово

Thursday, February 14, 2008

Денот Сретение Господово (15 февруари н.с.) – е еден од најголемите празници на Православната Црква. На овој ден се споменува еден од клучните настани на историјата на односите меѓу Бога и човекот: Богомладенецот Христос, донесен во ерусалимскиот Храм на 40-иот ден по раѓањето, е пресретнат од праведниот Симеон. Во овој настан Црквата гледа средба меѓу двата Завета: Новиот Завет – кој воплотениот Мессија – Христос ќе го склучи со луѓето, доаѓа да го замени Стариот Завет – олицетворен во старец Симеон.

Дошло времето кое човештвото го очекувало со векови. Во светот се јавил Оној што ќе стане победник на гревот и смртта, Кој за сите луѓе ќе го отвори патот во Божјото Царство и ќе ја бара секоја изгубена овца… Провидувајќи го тоа, праведниот Симеон, откако го зел на раце младенецот Исус, рекол:

„Сега го отпушташ својот слуга, Владико, според Твојот збор, со мир, зашто го видоа моите очи Твоето спасение, што си го подготвил пред лицето на сите народи: светлина како откровение за паганите и слава на Твојот народ, Израил”.

Симеон го видел Христа – и тој сега може со мир „да замине кај праотците”, то ест да умре и да слезе во мрачниот шеол, каде што се мачат сите умрени, очекувајќи ослободување. И Симеон ќе им ја однесе радосната вест: „Остана уште сосем малку за чекање, бидејќи јас на своите раце го држев Оној што ќе го разурне адот.”

Црквата на денот на празникот пее: ”Древний днями, давший в древности Закон на Синае Моисею, ныне видим как Младенец; и Закон исполняя, как Творец Закона, по Закону в Храм приносится и старцу вручается // Древниот по денови, кој на Мојсеј во древноста му го даде Законот на Синај, сега го гледаме како Младенец; и Законот исполнувајќи го, како Творец на Законот, според Законот во Храмот се донесува и на старецот му е врачен.” Истиот, Самиот Бог Кој на Синај говорел со Мојсеј и го востановил јудејскиот Закон, сега е донесен во Храмот како Младенец, исполнувајќи го истиот Закон. Во зборовите на црковните химни е видно црковното учење за тоа, дека во сите времиња Бог општел со човештвото во лицето на Синот. Затоа, на некој начин, нема основа да го изобразуваме на икона Бог Отецот – Кого никој никогаш не го видел. „Ветхий деньми // Стар по денови”, то ест старец во вид на кој Бог се јавувал на некои пророци пред Христовото воплотување – тоа е Истиот Божји Син.

За многу години нека е празникот! Секој од нас во животот нека има што повеќе вистински „сретенија” // средби – и еден со друг, и со Бога.

извор: Дудченко Андрей, свящ.

Entry Filed under: Празници. .

Leave a Comment

Required

Required, hidden

Some HTML allowed:
<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <pre> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Trackback this post  |  Subscribe to the comments via RSS Feed


+ IИC XC NI KA +

Троичник бр.24 (iPaper)

Troicnik-24, april09

Categories

Календар

Свето Писмо

ptici.jpg

forumbaner

Свиток-video

Watch videos at Vodpod and other videos from this collection.

RSS .:: Новости ::.

RSS .:: Вести од МПЦ ::.

...Мој избор...

Vox populli

Архиви

Последни коментари

banner100.gif

ow.jpg

Dnevnik.swf

Orthodox Macedonia

IMG_1253

More Photos

Blogroll

Profile

Тони Петрушевски, ѓакон при храмот „Свети Николај” во Свети Николе, Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква.
email_01-over.gif
«Ова е личен блог и не изразува официјални гледишта, освен во случај на преземени информации со јасно назначени извори.»

Chat widget

Пораките испратени преку овој meebo widget стигнуваат само до сопственикот на блогот и не се видливи за другите на internet, иако од друг компјутер би биле на овој блог во исто време. Исто така, и моите пораки преку widget-от се видливи само за оној кому му одговарам.

Показатели

Посети

Creative Commons License