CD-ROM Византиска уметност
На дискот (CD-ROM Византийское искусство. 2006.) се собрани делата на византиската уметност од V-XV век. Посебно се претставени спомениците на престолнината – Константинопол. Воведните статии и подробните коментари помогаат да се разбере символиката на секое дело и неговото место во историјата на византиската култура.
Извадок:
„Охрид (Рес. Македония). Церковь Св. Софии
О памятнике
С 11 в. Охридская автокефальная архиепископия была важнейшим проводником византийского влияния среди славян Македонии и Болгарии. Кафедральный собор был перестроен и расписан при архиепископе Льве (1037-1056 гг.), одном из идейных вдохновителей Великой схизмы 1054 г. Посвящение храма Божественной Премудрости должно было утвердить высокий статус Охридской кафедры и теснейшую связь ее с Константинопольской Патриархией. Фрески 11 в. в основном сохранились в нартексе и восточной части церкви: трёх апсидах, виме, на предалтарных столбах.“
Bizant-art.torrent
Омот (7 МB): CD-ROM Византийское искусство
Add comment Wednesday, October 14, 2009
Православието – археолошки остаток или сведоштво за Вистината
Имам впечаток дека зборот „ортодоксија” во наши денови добил повеќе или помалку пејоративен карактер. Тоа се воочува, на пример, посебно во книгите кои говорат за „ортодоксен марксизам” или за „фројдовска ортодоксија” или уште за „лутеранска ортодоксија”…
Во сите овие случаи на сликовито изразување, изразот „ортодоксија”, „ортодоксност” означува апсолутна верност (точност) на некое учење и во крајна линија идеолошки фанатизам кој одбива да прифати каква било измена, какво било подобрување и најпосле, каков било напредок во нечија мисла или оригинална доктрина.
Во мои очи ваквото сфаќање на „ ортодоксија” – претставува еден вид идолопоклонство! Луѓето за себе си прават идоли; тоа можат да бидат и доктрини, кои изворно можат да бидат и вредни, но од сè може да се направи идол, па и од нешто позитивно… Ваквото сфаќање на „ ортодоксијата” во духовниот живот, но и на друго место, не претставува само идеологизација, туку, во исто време им создава и психолошка заштита на оние кои имаат потреба од авторитет. А, зошто ние имаме потреба од авторитет? Се работи за тоа, дека нам ни е потребно да се заштитиме, бидејќи не сакаме да се изложуваме на ризици во достигнувањето на личната зрелост! Многу често „ортодоксиите” служат како чадор и им овозможуваат на луѓето да ја избегнат опасноста од ризикување – ризикот од напредување кон вистинска слобода на својот избор, т.е. кон достигнување на вистинска животна и лична зрелост.
На јазикот на Црквата за Православието ние секогаш зборуваме во однос на ереста. Ако на Православието му се дава значење на идеологија – сосем формирана, сосем одредена, која треба да се „чува” без кршење и редефинирање на изворното „слово”, ерес претставува друга идеологија која го крши кодексот на учењето кое е лошо сфатено како авторитет. Така, дилемата меѓу Ортодоксијата (Православието) и ереста станува чисто идеолошка, а производ на идеологијата секогаш е фанатизмот! А, што е фанатизмот? (more…)
Add comment Sunday, October 11, 2009
Биoетика и трансплантологија. Разговор со академик д-р Жан Митрев
1 comment Monday, October 5, 2009
Беседа на Неделaта пред Воздвижение на Чесниот Крст Господов
Во Евангелието што го слушавме на Литургијата се говори за тајната на љубовта. Денес сите зборуваат за љубов, но мора да бидеме одговорни при употребувањето на светите зборови каков што е зборот љубов.
Спроти Христовите страдања, пред да биде распнат на Крстот, првосвештеници, книжници и фарисеи – сите познавачи на Светото Писмо, му пристапуваат на Господа со лукава намера да го уловат. И еден од тие книжници го прашува Господа; која заповед е најголема. Книжниците внимателно го проучувале Законот. Во него наоѓале 613 заповеди, од кои 248 – заповедувачки, односно што треба да се прави, а другите 365 – забрани кои предупредуваат што не треба да се прави.
Што мисли за тоа Христос? (more…)
Add comment Friday, September 25, 2009
Разговор со Митрополитот Брегалнички г. Иларион
::Втор дел:: (more…)
Add comment Friday, September 18, 2009
Споменик на св. Николај Чудотворец во Свети Николе
View slideshow (more…)
Add comment Monday, September 14, 2009
Вистината
Меѓу прашањата кои одамна се наречени «проклети», е и прашањето за постоењето на вистината. Секако, може да се забие главата во песокот на скептицизмот и да се рече: сѐ е релативно, нема ништо апсолутно и никаква вистина не постои. Но, зарем не е нелогично да се рече дека не постои вистина, а самото тоа тврдење – да се смета за вистинито?
Всушност, насекаде сме окружени од вистини. Вистина е дека сме живи; вистина е дека овој свет – не е илузија на нашето сознание и реално постои; конечно, вистина е дека 2+2=4. Но, зошто тогаш скептикот продолжува да вели: «Тие вистини постојат, а Самата Вистина – не постои!?» Очигледно е дека кога по Понтиј Пилат го поставуваме прашањето: «Што е вистина?» – ние говориме не за точноста на некакви математички аксиоми, туку за нешто друго. Зарем вистините кои се расфрлани насекаде – не сочинуваат еден ланец, една цврста низа сплетена во некаква неведлива слика – и можеби, слика со смисла? Во тој случај, луѓето нема малодушно да сакаат да се скријат од категоричноста на Вистината напишана со голема буква. Зашто, ако постои Вистината, таа има непосреден однос кон секој секој човек?
Блажени Августин вели: «Љубејќи нешто друго, (невистинито), луѓето сакаат она што го љубат да се покаже како вистина – и затоа тие ја мразат вистината, заради љубовта кон она што тие го сметаат за вистина».
Самиот збор «вистина» потекнува од глаголот «быть»: вистината – е «ест-ина» – она што всушност е (ест). Но за што може да се каже дека вистински постои? Секој предмет или појава има свој извор. Ништо не е самобитно во овој свет! Затоа, кога на гората Синај низ громови и молњи Мојсеј го слуша гласот на Бога – «Аз есмь Сый» – што значи «Јас сум Тој кој Е (Ест)» – тој го слуша гласот на Самата Вистина.
«За да стигнеме до Вистината – пишува свештеникот Павел Флоренскиј – треба да ја оставиме својата самост, треба да излеземе од себе; а тоа за нас е неможно, зашто сме – плот. А… како во таков случај да се фатиме за Столбот на Вистината? – Не знаеме и не можеме да знаеме. Знаеме само, дека низ отворените пукнатини на човечкото размислување станува видлив сјајот на Вечноста. Тоа е несфатливо, но тоа е – така. И знаеме дека “Бог е Бог Авраамов, Исааков, Јаковов, а не Бог на философи и научници.” Тој доаѓа кон нас, нѐ фаќа за рака и нѐ води така, како што не би можеле да помислиме».
Вистината, како што неа ја гледа христијанското откровение – никако не е некаков бесмислен и мртов закон на битието на огромниот механизам кој се вика Вселена. Вистината има свое лице, Нејзините очи внимателно гледаат во човечките срца; дали останало во нив уште нешто што е сродно со Неа? Нејзиниот поглед е строг – но е поглед со љубов. Вистината има човечко лице – тоа е ликот на Богочовекот – Исус Христос. Вистината – е «Незаборав кој не можат да го однесат потоците на Времето, таа е Тврдина која не може да биде поткопана од Смртта, таа е Суштество најсуштествено, во кого нема никакво Небитие» (о. Павел Флоренскиј). И таа Вистина е крај нас, таа никогаш нема да пресуши, без оглед што многу квази-вистини се обидуваат да ја засолнат, да се претстават како Главната Вистина на Битието. Само да не се измориме пронаоѓајќи ја Вистината во хаосот на лажни дела и човечки зборови, во таа смеса од вистина и лага, онаа единствена Вистина што може да спаси.
Превод од: Истина
Add comment Wednesday, September 9, 2009
Монах-мисионер предложува видео игра за да ги привлече младите во Црквата
Монахот Максим поднел предлог во Московската Патриаршија за создавање на видео игра со која ќе се помогне изучувањето на Правславието на интересен начин. Корисникот би избирал лик, пол, возраст и надворешен изглед. Понатаму тој лик би се развивал постепено, при што во својот „живот“ би ги запазувал заповедите и би добивал поддршка, а за неправедните постапки би трпел некакви лишувања.
Притоа, може да се избере пат и развој и во црковната сфера: женските ликови можат да станат милосрдни сестри, монахињи или игумении на манастири, а машките да се запишат на богословско училиште, да станат свештеници, епископи.
Мотивот на монахот Максим е тоа што младите секако поминуваат повеќе-помалку време во виртуелниот свет, па наместо да „убиваат“, би било подобро „да се развиваат на духовен план.“
Освен тоа, проектот предвидува и quests (жанр онлајн-игри кои од играчот бараат решение на умствени задачи) – патувања во библиските времиња, во древниот Ерусалим, во Галиеја, во местата каде што проповедале апостолите… Посебен квест авторот сака да направи со учествување во богослужбата, за изучување на Литургиката и црковниот устав//типик.
1 comment Saturday, September 5, 2009
Рагбистот Трој Поламалу – ревност на теренот и во православната вера
Бекот на рагби-тимот Питсбург Стилерс (Pittsburgh Steelers) и ѕвезда на американскиот фудбал Трој Поламалу (Troy Polamalu) важи за еден од најжестоките играчи на теренот. Но, во приватниот живот Поламалу е тивок семеен човек и ревностен православен христијанин. Минатата година го добил првото дете, кому во чест на старец Пајсиј Светогорец му го дал името Пајсиј.
За августовското издание на Питсбург магазин (Pittsburgh Magazine) Трој дал интервју, од кое издвојуваме еден дел: (more…)
Add comment Tuesday, September 1, 2009
Философијата на природата и квантната физика
Философијата на природата може да се разгледува како особено гледиште кон материјата, просторот и времето, кон сетилната реалност. Науката и философијата на природата историски биле толку тесно сврзани една со друга, што раѓањето на современата наука придобило некои црти на раскин на долготрајниот брак. Со развојот на науката аристотеловата слика на космосот почнала да се распаѓа. Откритијата на Коперник и Галилеј покажале дека космолошкиот систем на Аристотел не е вистинит. Неговата теорија, дека брзината на паѓање на телата зависи од тежината – била побиена со експерименти. Бидејќи физиката на Аристотел била сврзана со философијата на природата, научниците ги отфрлиле и едната и другата. Тие почнале да мислат дека сите процеси во светот можат да бидат изразени исклучиво со математички формули. Нивните аргументи изгледале толку силни, а откритијата кои тие ги направиле – толку убедливи, што философите почнале да мислат дека својствата на стварите, кои биле проучувани во философијата на природата, не ни дозволуваат да добиеме какво било вредно знаење за материјалната реалност. Објективно е само она што може да биде проверено и измерено. Она што не го задоволува тој критериум, мора да се смести во областа на субјективното. Прашањето «како» било заменето со прашањето «што» или «зошто».
Современата наука не била трпелива кон философската традиција, која ја држала окована со фрагменти од грчката наука. Раскинувајќи ја врската со науката на минатото, научниците истовремено ја раскинале врската со философијата, со која науката била поврзана. Научниците во создавањето на науката немале потреба од философија на природата. Науката станала единствен вистински начин за спознавање на стварите, а философијата на природата била дискредитирана. Философијата на природата била исфрлена од областа на научното истражување. Тоа се одразило на метафизичките основи на науката и на принципите кои во неа биле изведени како резултат од набљудувањето на природата.
Сепак, брзиот развој на теоретската физика во XX век, и особено на таквите области како квантната механика, а исто така и стремежот да се осмислат фактите на науката, осознавањето на ограниченоста на научното познание на светот – довело до преродување на интересот за философијата на природата. Норберт Лујтен забележува: «Философијата на природата е насочена кон достигнување на разбирањето на стварите, додека науката обезбедува само функционално разбирање. Ако се отфрли спонтаниот опит од стварите како поаѓачка точка на философската рефлексија, тогаш треба да се подложи на сомневање целото постоечко знаење, што ќе нѐ одведе во скептицизам. Философијата на природата стреми да достигне разумно разбирање на стварите, знаење кое се разликува од функционалното разбирање што го дава науката»[1].
Во последните години некои научници почнаа да утврдуваат појава на нова парадигма, на нов начин на мислење, согласно кој светот не е самодоволен или самообјаснив: постои некоја тајна надвор од квантовиот свет на честиците. Науката не е способна да даде абсолутно објаснување на реалноста. Дваесеттиот век ја откри ограниченоста на научниот метод. Своевремено Е. Шредингер тврдел дека честиците се само слики//образи, но ние не можеме без нив[2]. Според мислата на Карл Попер, научните теории се човечки прнајдоци. Тие се како мрежа со која се обидуваме да го уловиме светот, тие не се како фотографии. Уште повеќе, тие мора постојано да се коректираат. Не е за чудење тоа што некои научници тврдат дека надвор од границите на растечката Вселена и животот во развој – постои извор на битие и енергија, чии траги можеме нејасно да ги забележуваме. Тоа гледиште се појавило како резултат на осознавањето на ограничувањата кои се наметнувани врз нашето гледање од неизбежната неопределеност на квантната физика, од крајната недостапност на материјалната реалност, а исто така и од набљудувањата на определени феномени, кои не се вклопуваат во рамките на стандардните концепции. (more…)
Add comment Sunday, August 30, 2009






RSS - Posts